Home » Активности » Најдобри учениците од Наце Буѓони на Државен натпревар

Најдобри учениците од Наце Буѓони на Државен натпревар

На Државниот натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка од Република Македонија, кој се одржа на 5 мај по 36-ти пат во Кочани, нашето училиште постигна извонредни резултати.

На натпреварот учествуваа 24 стручни училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка. Комисиите беа составени од стручни лица и Универзитетски професори, а нашите ученици освоија :

Никола Алексовски – I место со изработен труд од машинска струка

Слободан Крстевски – I место во теоретско знаење од електротехнчка струка

Милош Соколовски – II место со изработен труд од електротехничка струка

Кристијан Арсовски – III место во теоретско знаење од машинска струка

Дамјан Илиевски – III место во теоретско знаење од електротехничка струка

Марио Јовановски – со пофалница за изработен труд од електротехничка струка

Како и секоја година така и оваа го одбранивме нашиот квалитет и знаење и застанавме рамо до рамо меѓу најдобрите три технички училишта во државата. Овој натпревар е од најголемо значење за стручните училишта каде  учениците го споредуваат своето знаење со знаењето на нивните врсници од други училишта.