Home » Uncategorized » Одбележан светскиот ден на бубрезите

Одбележан светскиот ден на бубрезите

Светскиот ден на бубрезите се одбележува секоја година, вториот четврток во март. Во 2006 година на почетокот на овој празник, 66 земји го одбележале овој датум. За две години, овој број се искачил на 88.

Во настаните што се одвиваат во текот на месец март преовладуваат едукативни активности за превенција и рано откривање на болеста, осoбено кај ризичните групи од населениетo, едукација на младите и децата, бесплатни прегледи и здравствени совети, како и поддршка на пациенти на дијализа и со трансплантиран бубрег во справување со лекувањето на болеста.

Нашите ученици од трета и четврта година го посетија Диаверум и добија стручен одговор од тимот  лекари и медицински сестри на Диаверум.Кои се причините за развој на бубрежна болест,улога на медицинската сестра при нега на овие пациенти,начин на исхрана беа едни од прашањата кои ги заинтересираа.

Во пресрет на овој ден учениците кои посетуваат Учење преку работа кај работодавач заедно со тимот од Диваерум со презентација ја посетија Гимназија,,Гоце Делчев,, и ООУ ,,Браќа Миладиноци,, со  цел подигање на свеста за состојбите на бубрегот, навремена превенција и доколку е потребно лекување, иако многу од нив се лекуваат, тие се споредна медицинска грижа за поголемото население.