Home » Активности » ОСТУ,,Наце Буѓони” домаќин на Еразмус+ младинска размена

ОСТУ,,Наце Буѓони” домаќин на Еразмус+ младинска размена

344288479_632953018241916_8346627945768100255_n

Во периодот од 30.04. 2023г до 06.05.2023г, нашето училиште беше домаќин на Еразмус+ младинска размена. Гости ни беа дванаесет ученици и професори од Лиепаја, Латвија. Во текот на размената, гостите се запознаа со нашите ученици и професори и имаа можност да ја набљудуваат наставата по општообразовните предмети, како и да ги посетат кабинетите по стручните предмети и активно да учествуваат на часовите.  Имавме и низа забавни активности во кои сите уживавме и научивме многу за сличностите и разликите меѓу латвиската и македонската култура, обичаи, традиции и храна. Се прошетавме и до излетничкото место Студена Вода, кањонот Матка, Старата чаршија и центарот на Скопје, каде што гостите видоа дел од убавините на нашата земја. Се радуваме на нашето следно дружење.