Home » Uncategorized » ОСТУ „Наце Буѓони” добитник на грант од МОН за Проект на МИМО

ОСТУ „Наце Буѓони” добитник на грант од МОН за Проект на МИМО

Во рамките на Проектот за „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието“ училиштето ОСТУ „Наце Буѓони” – Куманово веќе осма учебна година е во партнерство со училиштето ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес при што заеднички се реализирани многубројни активности со ученици од мешан етнички состав.

И оваа учебна година двете партнер училишта, шести пат по ред се добитници на грант од МОН за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција. Со овој грант планирано е да се реализираат активности од проектот онлајн, и со директни средби доколку за тоа се створат услови да се зголеми соработката и дружењето на учениците од различните етнички заедници во училиштето и пошироко.145397615_164576838548704_7963779775905993993_n