Home » Активности » ОСТУ ,,Наце Буѓони” по втор пат е добитник на проект од програмата на RYCO SUPERSCHOOL WESTERN BALKAN

ОСТУ ,,Наце Буѓони” по втор пат е добитник на проект од програмата на RYCO SUPERSCHOOL WESTERN BALKAN

327621931_1987145931491477_8102111732061040378_n

Нашето училиште по втор пат е добитник на проект од програмата на RYCO SUPERSCHOOL WESTERN BALKAN.

Проектот насловен ,,Од Нас за нас”  е во соработка со средно стручно училиште од Чачак. Главна цел на проектот е преку тимска работа да се создадат подобри услови и подобра иднина за младите од Западен Балкан, а самиот проект да биде пример за други ученици од овие и другите училишта на Балканот.