Home » Uncategorized » Реализирана активност од добиениот грант од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието „ГОТВИМЕ ЗАЕДНО“

Реализирана активност од добиениот грант од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието „ГОТВИМЕ ЗАЕДНО“

Учениците, одговорните наставници и членови на стручна служба од нашето училиште заедно со учениците и наставниците од партнер-училиштето ССОУ “Коле Неделковски” Велес на 03.06.2022 год. успешно реализираа активност од добиениот грант од МОН.

Најнапред беше спроведена анкета кое е омилено главно јадење и омилен десерт на учениците од двете партнер училишта. Откако учениците се изјаснија за своето омилено јадење кое сите го обожаваат – пица, а за десерт овошна салата, заеднички и ги подготвија во кујната во која учениците од угостителската струка при ССОУ „Коле Неделковски“ изведуваат пракса. Менито се состоеше од главно јадење пица, десерт овошна салата и пијалок лимонада исто така подготвена од учениците. Присутните имаа можност да пробаат и Крелана – албански специјалитет кој е многу вкусен. Учениците подготвија презентација со потребни состојки и начин на подготовка на послужената храна. Поделено беше и мени со рецепт од послужената храна. Дружењето продолжи со прошетка до новиот трговски центар Вел-Сити и кафе дружба во градските кафулиња.