Home » Uncategorized » Успешно реализирана трета активност во рамките на “Проектот за меѓуетничка интеграција на млади во образованието”

Успешно реализирана трета активност во рамките на “Проектот за меѓуетничка интеграција на млади во образованието”

Во рамките на „Проектот за меѓуетничка интеграција на млади во образованието” нашето училиште во партнерство со ССОУ„Коле Неделковски“ – Велес на 16.10.2019г успешно ја реализираше третата активност од добиениот грант од МОН. На оваа активност земаа учество вкупно 28 ученици од прва и втора година од двете училишта со мешан етнички состав, членови на тимот за училишна интеграција, родители и одговорни наставници по спорт и спортски активности.
На работилницата со тема: „ Како да станеш успешен лидер “ учениците избраа крал и имаа можност да искажат што очекуваат од избраниот крал, имаа активности за слепо водење од лидер, диригент следење на лидер и зајакнување со импулс. Потоа во парови ученици од мешан етнички состав играа различни спортски игри. Дружбата заврши со кратка прошетка во Велес.