На 18 ноември,во просториите на Занаетчиски дом,се одржа културно-уметничка програма,организирана од Друштво на писатели -Куманово.Манифестацијата беше по повод литературниот конкурс „11 Ноември“-Ден на ослободувањето на Куманово.
На настапот беа доделени награди и признанија за најуспешните литературни творби и тоа:
1.Клара Љубевска од IV8 ја доби наградата Најпесна на конкурсот,а нејзин ментор е Катерина Пешевска.
2.Дарја Трендафиловска од III9 доби признание за најдобар творец на современа поезија,а нејзин ментор е Лидија Цветкова
3.Ивона Петровска од IV8 доби признание за најдобар прозен творец,со ментор Катерина Пешевска.
На настапот,во склоп на културно уметничкиот дел учество зедоа и Мила Васиљкова од IV7 која ја отпеа Химната на Македонија,потоа групата „Мираж“ во чиј состав се и нашите ученици Павел Божиновски и Евгениј Свилар. Манифестацијата заврши со перформансот на групата „Докторки на битот“ во која членуваат ученички од здравствената струка.Како дел од водителскиот тандем беше и нашиот ученик Петар Димитриевски од III5. За пофалба беа и учениците од техничката поддршка Георги Станојковски и Матеј Костовски,кои изработија и целосна реклама за настанот.
„Наце Буѓони“ продолжува да опстојува како храм на креативноста,уметноста,но и успехот.





