Home » Uncategorized » TECHNOSCIENCE по 8-ми пат во Наце Буѓони

TECHNOSCIENCE по 8-ми пат во Наце Буѓони

Нашето училиште ОСТУ„Наце Буѓони“ по повод 24 Мај – Денот на просветителите по осми пат го организираше традиционалниот технички саем „TEСHNOSCIENCE 2012“ на трудови, вештини и знаења кај деветооделенците.

Настанот се одржа на 28.05.2019 год. со почеток во 10 ч. во просториите на училиштето. Учество земаа 13 основни училишта од Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане, со околу 120 ученици-учесници. 

Учениците од основните училишта се претставија со своите трудови од областа на информатика, програмирање, физика, математика, биологија, екологија, хемија, историја и други природни науки како и со изработка на презентации во IMPRESS и спортски активности (скок во далечина и атлетика).  

Освен натпреварувачкиот дел на настанот учениците имаа можност да ги разгледаат штандовите со трудови на ученици од машинската, електротехничката и здравствената струка, да ги посетат дел од кабинетите, да се запознаат и поразговараат со ученици од нашето училиште, но и да се дружат и забавуваат со врсници од целиот град.
Во склоп на настанот се одржа и трибина на тема ,,Потребите за взаемна соработка меѓу стручното образование и стопанството”.
Голема благодарност до нашите спонзори фирмите Сокара Кватро, Пица ресторан Помодоро, Ресторан Грација, Екстра Меин , Бучен Козјак, кои со своите производи го збогатија овој традиционален настан.