Home » Активности » Tehnoscience » TECHNOSCIENCE 2014

TECHNOSCIENCE 2014

По повод 24-ти мај Св.Кирил и Методиј во нашето училиште, традиционално по трет пат, се одржа Technoscience. На овој технички саем беа гости осмооделенците од Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане. Нашите гости т.е. осмооделенците и нивните ментори имаат подготвени трудови од повеќе области како што се  биологија, екологија, информатика, програмирање, презентирање во IMPRESS, физика, историја, хемија, географија и атлетика. Просториите од училиштето и кабинетите имаа можност да ги посетат нашите гости, а во училишниот двор беа поставени штандови со изработки на трудови на учениците од ОСТУ  “Наце Буѓони”.