Согласно Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за средно образование за време на вонредна состојба, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 116/20) ве известуваме дека:
Учениците од завршните години на образованието во учебната 2019/2020 година се ослободуваат од полагањето на државна матура, училишна матура, завршен испит со тригодишно траење и завршен испит со четиригодишно траење во средното гимназиско образование, средното стручно образование, средното уметничко образование и средното образование за ученици со посебни образовни потреби.
На учениците од завршните години на образованието во учебната 2019/2020 година, кои во рокот утврден во подзаконските акти со кои се пропишува начинот на полагање на државната матура, училишната матура, завршниот испит со тригодишно траење, односно завршниот испит со четиригодишно траење, се пријавиле за полагање на испитите за државна матура, училишна матура, завршен испит со тригодишно траење и завршен испит со четиригодишно траење, училиштето им издава диплома за завршено средно образование.
Учениците кои во претходните учебни години положиле испити од училишна матура или завршен испит со четиригодишно траење и се пријавиле за полагање на испитите за државна матура во учебната 2019/2020 година, за истите се организира полагање на испитите за државна матура.
Учениците кои во претходните учебни години започнале со полагање на испити од државна матура, училишна матура, завршен испит со тригодишно траење или завршен испит со четиригодишно траење, но не ги положиле и се пријавиле за повторно полагање во учебната 2019/2020 година, за истите се организира полагање на испитите за државна матура, училишна матура, завршен испит со тригодишно траење или завршен испит со четиригодишно траење.
Согласно сето горе наведено, Ве известуваме дека Државниот испитен центар ќе организира полагање на државна матура во јунскиот испитен рок, за ученици/лица кои оваа учебна година се пријавиле за полагање на државна матура во рокот утврден во подзаконските акти, а при тоа:
- во претходните учебни години започнале со полагање на испити од државна матура, но не ги положиле или не присуствувале на истите;
- во претходните учебни години се стекнале со диплома за положена училишна матура или диплома за завршен испит, а во оваа учебна година се пријавиле за полагање на државна матура;
- имаат завршено четиригодишно средно образование и се здобиле со диплома, а оваа учебна година се запишани вонредно и завршуваат друг вид на средно образование и се пријавиле за полагање на државна матура.