Home » Uncategorized » Во “Наце Буѓони” презентиран изум од областа на енергетска ефикасност „Енергетски комбинирана сончева централа“

Во “Наце Буѓони” презентиран изум од областа на енергетска ефикасност „Енергетски комбинирана сончева централа“

79785694_493021501560480_5902667378453381120_n

На 1 ноември 2019 година, во наставничката канцеларија, презентација на својот изум од областа на енергетската ефикасност, одржа сертифицираниот енергетски менаџер и дипломиран инженер по електротехника, господинот Марјан Ненов.

Поканети беа сите заинтересирани, особено наставниците и учениците од II до IV година од електротехничката и машинската струка, како и наставниците кои предаваат физика. Изумот се однесува на начинот на кој би можела да се користи сончевата светлина во нашите домови, како и за други цели, притоа со што помали загуби, а транспортирана преку оптички кабли.

Задоволството беше обострано, бидејќи учениците во преполнетата наставничка канцеларија имаа можност да видат дека знаењето и тоа како може да биде и вреднувано и корисно, како индивидуално, така и за заедницата.

Презентацијата беше насловена како „Енергетски комбинирана сончева централа“ / “Energy Combined Sun Central”.

Целите на проектот се:

  • Да се обезбеди бесплатна, одржлива и чиста енергија за сите енергетски потреби.
  • Да се зголеми ефикасноста на трансформацијата на фото-напонот на сончевата енергија во електрична енергија и топлина.
  • Да станеме основа на новиот алтернативен систем за дистрибуција на енергија.

Или, поточно, во првата фаза:

Да се обезбеди целата потребна енергија за куќа со површина од 150m2, односно:

  • 3KW електрична моќност
  • Бојлер од 300 литри за санитарна топла вода.
  • Да се задоволат потребите за системи за вентилација, греење и ладење (вода или воздух) за 150m2.

Сончевата светлина од концентраторот оди во сончева инка каде што е фокусирана дополнително и минува низ оптички кабел. На овој начин, „пегланата“ сончева светлина со помош на тотална рефлексија се транспортира со минимални загуби.

Таа може да се користи за:

  • Осветлување на затворен простор (згради, работни простории, јавни згради …);
  • Рудници, тунели;
  • Подводно осветлување (подводна платформа, базени);
  • Green houses, градинарство итн.

Очекувањата во втората и третата фаза од можната примена на сончевата централа се:

  • Развој на систем за транспорт на сончевата светлина во должина до 10 км и транспорт на сончева моќност од 1MW;Screenshot_1
  • Имплементација на локални дистрибутивни тригенеративни централи за електрична енергија, греење, топла вода и ладење;
  • Имплементација за напојување на болници, деловни центри, трговски центри, спортски комплекси, студентски домови, градски квартови и др;
  • Развој на систем за транспорт на Сонце до должина од 10.000 км и повеќе од 100 МW сонце;
  • Осветлување на градовите;
  • Изградба на долги траги на системот за транспорт од сончевата светлина „точка до точка“ и поврзување на сите сончеви централи;
  • Обезбедување 24/7 сончева светлина насекаде;
  • Нема потреба од батерии

Следните чекори за иднината би биле:

  • Производство на водород и кислород од вода, користејќи ја сончевата моќност
  • Производство на водородни генератори за електрична енергија
  • Употреба на батерии наместо водород, во возила, за производство на електрична енергија
  • Употреба на водород за да се направи вода
  • Развој на филтри за воздух и вода со поголема ефикасност
  • Загревање на воздухот и земјата при производството на храна

Проектот има добиено, меѓудругото, и први награди од меѓународни жирија на меѓународни саеми на иновации од областа на техниката.

Поднесени се и национални и меѓународни апликации за WIPO патенти на проектот за сончева централа.

Целата презентација може да ја погледнете овде.