Home » Активности » Денови на Шопов

Денови на Шопов

Во четврток, 14.12.2023година, во просториите на Градската библиотека ,,Тане Георгиевски” се одржа настан по повод 100- годишнината од раѓањето на Ацо Шопов!

Истиот беше организиран во соработка со Библиотеката ,,Гоце Делчев” од Штип, родниот град на поетот. Активно и успешно учество на оваа значајна поетска манифестација земаа и ученици од нашето училиште, кои под менторство на професорките Лидија Цветкова и Оливера Лазаревска интерпретираа творби од Ацо Шопов.

Со гордост може да кажеме дека и овој пат како и многупати досега достоинствено го претставивме и промовиравме нашето училиште. Потврда за тоа беа долготрајните аплаузи и пофалните зборови од присутните гости,вљубеници во поезијата и убавиот пишан збор! И секако,поканата да гостуваме во Штип и да ја продлабочиме соработката!