Home » Uncategorized » Освоено III-место на Државен натпревар по македонски јазик и литература

Освоено III-место на Државен натпревар по македонски јазик и литература

На 16.12.2023г. на Филолошкиот факултет во Скопје се одржа Државниот натпревар по македонски јазик и литература.
Во силна конкуренција од сите училишта низ Р.С. Македонија учениците од ОСТУ,,Наце Буѓони” постигнаа високи резултати.

Ученикот Марко Илиевски од III6, електротехничка струка- eлектротехничар за компјутерска техника и автоматика,  го освои ТРЕТОТО МЕСТО. Ментор:Катерина Пешевска.

Ученичката Викторија Томиќ од II9, здравствена струка,  доби пофалница за учество со високи 78 поени.Ментор:Катерина Пешевска.

Честитки до Марко кој покажа навистина огромен успех на државно ниво и докажа дека „Наце Буѓони“ има посебни и посветени ученици.