Денес, на 7 април 2022 во чест на Светскиот ден на здравјето и во знак на благодарност за соработката и за несебичното споделување на знаењето од страна на лекарите и медицинските сестри и покрај отежнатите услови поради пандемијата, учениците од ОСТУ „Наце Буѓони” Куманово заедно со предметните наставници ги посетија ординациите и им врачија благодарници.
Во рамките на реформите на средно стручно образование кои се спроведуваат од 2019/2020 година, за прв пат учениците од трета година здравствена струка, медицински сестри имаат можност во рамките на предметот Учење преку работа кај работодавач своите знаења и вештини да ги стекнуваат во реални услови и можност да се запознаат со работните обврски на медицинските сестри.
Со цел успешна реализација на наставната програма училиштето потпиша Меморандуми за соработка со 13 приватни здравствени установи.