Home » Uncategorized » Активности по повод Денот на здравјето

Активности по повод Денот на здравјето

Денес, по повод Денот на здравјето учениците од здравствена струка од ОСТУ „Наце Буѓони” Куманово, традиционално го одбележаа со мерење на крвен притисок и шеќер во крвта на Градскиот плоштад.

Во соработка со Здружение на дијабетичари и Црвен крст Куманово, учениците поделија флаери изработени од нив самите и им укажаа на граѓаните за предностите на здравиот начин на живот во чест на денешниот ден.

Честит празник на сите здравствени работници,од тимот на нашето училиште.