Home » Uncategorized » Наградените ученици од ,,Наце Буѓони” на прием кај директорот

Наградените ученици од ,,Наце Буѓони” на прием кај директорот

image-0-02-05-11179c3b0897a6b73f31b2bb77310f98a291228202afad3fd7f8639a72d64b67-V

Учениците кои оваа година земаа учество на натпреварите од струките и постигнаа голем успех, беа на прием кај директорот на нашето училиште Драган Јаневски.
Иако скромни, воздржани во давањето на важност на сопствениот успех, беше вистинско задоволство да се види радоста на лицата на нашите државни шампиони, прваците, вторите, третите во своите категории, бидејќи нема поголема среќа и лична сатисфакција од успехот постигнат со сопствениот труд, сопствениот умствен и физички напор и сопствената креативност.

Секој поединечно раскажа за изворот на инспирацијата, текот на подготовките до реализацијата, како и за начинот на кој се одвиваа натпреварите.Вложениот труд на учениците и нивните не помалку заслужни ментори, резултираше со освојување на следниве награди:

Ученици кои земаа учество и награди на ,,Државен натпревар на младите истражувачи” се:

Дамјан Илиевски – I место

Марио Јовановски – IV место

Кристијан Максимовски – III место

Мила Станковска – III место

Милош Цветковски – V место

Кристијан Арсовски – II место

Давид Чедомировски – V место

Ученици кои земаа учество и награди на ,,Државниот натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка” се:

Христијан Михајловски – I место во теоретско знаење од електротехнчка струка

Дамјан Илиевски – II место со изработен труд од електротехничка струка

Иван Илиевски – II место во теоретско знаење од машинска струка

Кирил Мишевски – III место во теоретско знаење од електротехничка струка

Милан Цветановски – III место во теоретско знаење од машинска струка

И менторите: Ненад Ставревски, Јелена Поп Глигорова, Ленче Ѓоршевска-Анѓеловиќ, Катерина Ѓорѓиевска, Златко Гиновски, Славица Караникиќ, Александер Цветков, Дафина Митковска, Жаклина Тошиќ, Марија Крстевска, Стевче Анастасовски, Слаѓан Ѓорѓевиќ и Предраг Додиќ  ја споделија радоста со своите ученици.

Во знак на благодарност за успешното афирмирање на училиштето, како и за истакнувањето на знаењата и вештините кои ги стекнаа како ученици во ,,Наце Буѓони”, директорот им подели симболичен подарок за долго сеќавање.