Home » Активности » Одбележан Светскиот ден на дијабетесот

Одбележан Светскиот ден на дијабетесот

385525577_896794881657673_4752631043003528505_n

Во пресрет на одбележувањето на 14 Ноември, Светскиот ден на дијабетесот, учениците од нашето училиште,здравствена струка на македонски и албански јазик, имаа акција со мерење на гликемија и крвен притисок кај населението.

Акцијата беше организирана од страна на Здружението на дијабетичари Куманово,во соработка со ЈЗУ Општа Болница Куманово и ОСТУ ,,Наце Буѓони”. Секоја година нашите ученици учествуваат во акциите со мерење на виталните параметри со цел подигање на свесноста кај граѓаните за здрава и правилна исхрана.