Home » Uncategorized » Одржана завршна манифестација по повод „Месецот на книгата“

Одржана завршна манифестација по повод „Месецот на книгата“

ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“- Куманово, на 15.11.2023 година, одржа завршна манифестација по повод „Месецот на книгата“ која се одржа во Занаетчиски дом -Куманово. На сите ученици кои освоија награди беа доделени дипломи, а на сите останати благодарници.

На литературниот и ликовниот конкурс учество земаа ученици од сите средни училишта од нашиот град.

Добитници на награди на литературниот конкурс од нашето училиште се :

Андријана Јакимовски- втора награда,ментор Лидија Цветкова.

Мартина Трајановска и Викторија Стојановска- трета награда,ментори Катерина Пешевска и Габриела Стојмановска.

Добитници на награди на ликовниот конкурс од нашето училиште се :

Второ место: Кристијан Стефановски – ОСТУ “Наце Буґони”, ментор: Тања Соларска-Темелковски.

Трето место: Симона Милановска – ОСТУ “Наце Буѓони”, ментор: Тања Соларска-Темелковски.

Честитки за наградените ученици со желба за понатамошни успеси!