На националниот натпревар MOS (Microsoft Office Specialist), кој се одржа на 31 Мај во Скопје, седум ученика од нашето училиште се здобија со сертификати и се меѓу најдобрите во нашата држава.
Најдобри беа учениците:
Марко Гиевски IV-6
Леонид Механджијски II-7
Кристијан Масевски II-7
Давид Трајковски II-7
Mоника Спасиќ II-9
Стефан Костов II-7
Никола Пачковски II-7
Овие сертификати се доделуваат на ученици кои имаат истакнати знаења во областа на информатика, а истите се меѓународно признаени од страна на Европската комисија за стандардизација.
Натпреварот е со поддршка од Министерството за информатичко општество и администрација и локалните самоуправи. Наградените учениците, менторот Марјан Спасиќ и директорот Драган Јаневски беа на свечен прием кај Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски кој финансиски го подржа овој проект.