На Државниот натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка од Република Македонија, кој се одржа на 4 мај по 37-ти пат во АСУЦ “Боро Петрушевски” – Скопје, нашето училиште постигна извонредни резултати.
На натпреварот учествуваа 24 стручни училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка. Комисиите беа составени од стручни лица и Универзитетски професори, а нашите ученици освоија :
Христијан Михајловски – I место во теоретско знаење од електротехнчка струка (Електротехничар енергетичар)
Дамјан Илиевски – II место со изработен труд од електротехничка струка (Електротехничар за компјутерска техника и автоматика)
Иван Илиевски – II место во теоретско знаење од машинска струка (Техничар за компјутерско управување)
Кирил Мишевски – III место во теоретско знаење од електротехничка струка (Електротехничар за компјутерска техника и автоматика)
Милан Цветановски – III место во теоретско знаење од машинска струка(Машинско -енергетски техничар)
Како и секоја година така и оваа го одбранивме нашиот квалитет и знаење и застанавме рамо до рамо меѓу најдобрите три технички училишта во државата. Овој натпревар е од најголемо значење за стручните училишта каде учениците го споредуваат своето знаење со знаењето на нивните врсници од други училишта.