Home » Uncategorized » Ученици од “Наце Буѓони” беа дел од “Проектот за меѓуетничка интеграција на млади во образованието”

Ученици од “Наце Буѓони” беа дел од “Проектот за меѓуетничка интеграција на млади во образованието”

72118566_472374420052890_7659037307181203456_n

Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на 30. 9. 2019г.  училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ во партнерство со ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес успешно реализираше уште една од многубројните активности кои се реализираат повеќе години по ред.

Активноста се реализира со 14 ученика, од прва до четврта година, од машинска и електротехничка струка со мешан етнички состав. Придонес дадоа одговорните наставници од машинска струка, членовите на тимот за училишна интеграција и родителите. Посетена беше фабриката за производство на сокови „Кватро“. На учениците, наставниците и родителите им беше претставен целокупниот процес на производство на газирани и негазирани пијалоци. Посетата беше реализирана во новиот дел од фабриката каде целокупниот процес е автоматизиран. Активностите продолжија во ОСТУ „Наце Буѓони“ , каде беше демонстрирана работа на млин за мелење на отпадна PCV пластика. Проектот на кој работи нашето училиштето е отпадокот кој се добива при кроење на ПВЦ прозорци и врати да се рециклира (сомеле, стопи и преработи повторно во PCV профили). Покрај тоа, на учениците им беше прикажана работа на едукативнa CNC глодалка, а исто така беа разменети и искуства од струката.

Не недостигаше ни дружба, учениците, наставниците и родителите заедно прошетаа по кејот на река Кумановка како и во центарот на градот.