Во периодот 29.01.2020г до 01.02.2020г нашето училиште ОСТУ „Наце Буѓони“ со своја делегација присуствуваше на церемонијата за потпишување на меморандумот за соработка на еколошко-културен проект во Травник, Р.Босна и Херцеговина. Таму заедно со партнерските училишта католичката гимназија „Петар Барбарин“ од Травник – Р.Босна и Херцеговина и економското-трговско училиште од Кикинда – Р.Србија, започна со имплементација на проектот „# 3 for Eco“ финансиски поддржан од програмата на RYCO. На настанот присуствуваа и амбасадорот на Македонија во Босна и Херцеговина Екрем Ебиби, преставник на секретеријатот при амбасадата Ристе Велковски и градоначалникот на Травник Адмир Хаџиемриќ.
Ова е еколошко-културен проект кој има за цел преку мобилност на младите од трите држави со одредени активности да допринесат во зачувување на нашата планета Земја. Во месец март ќе бидат спроведени активности во Куманово, во мај во Кикинда и во јули во Травник, а целиот проект ќе трае 7 месеци.