Во рамките на Проектот за „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието“ училиштето ОСТУ „Наце Буѓони” – Куманово веќе осма учебна година е во партнерство со училиштето ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес при што заеднички се реализирани многубројни активности со ученици од мешан етнички состав.
И оваа учебна година двете партнер училишта, шести пат по ред се добитници на грант од МОН за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција. Со овој грант планирано е да се реализираат активности од проектот онлајн, и со директни средби доколку за тоа се створат услови да се зголеми соработката и дружењето на учениците од различните етнички заедници во училиштето и пошироко.