Денес по повод 12ти Мај Денот на сестринството, учениците од здравствена струка, медицински сестри од ОСТУ ,,Наце Буѓони” Куманово имаа низа активности со цел пригодно одбележување на овој ден.
Посета на медицинските сестри и делење честитки за празникот во ЈЗУ Општа Болница Куманово во соработка со Клуб на млади при нашето училиште и Црвен крст. Посета на Диаверум, каде учениците изведуваат дел од својата практична работа, и им го честитаа празникот на медицинските сестри со порака и песни, составени за нив од страна на учениците. Делење на благодарници на главните медицински сестри и сестрите кои несебично ја пружаат својата поддршка на нашите ученици од ЈЗУ Општа Болница во училиштето и пригоден коктел за долгогодишната соработка. Презентации во основните училишта на деветоодделенците, изработени од самите ученици со цел здравствена едукација и комуникација.
На сите медицински сестри тимот на ОСТУ ,,Наце Буѓони” им го честита Меѓународниот ден на сестринството.