Учениците, одговорните наставници и членови на стручна служба од нашето училиште заедно со учениците и наставниците од партнер-училиштето ССОУ “Коле Неделковски” Велес на 03.06.2022 год. успешно реализираа активност од добиениот грант од МОН.
Најнапред беше спроведена анкета кое е омилено главно јадење и омилен десерт на учениците од двете партнер училишта. Откако учениците се изјаснија за своето омилено јадење кое сите го обожаваат – пица, а за десерт овошна салата, заеднички и ги подготвија во кујната во која учениците од угостителската струка при ССОУ „Коле Неделковски“ изведуваат пракса. Менито се состоеше од главно јадење пица, десерт овошна салата и пијалок лимонада исто така подготвена од учениците. Присутните имаа можност да пробаат и Крелана – албански специјалитет кој е многу вкусен. Учениците подготвија презентација со потребни состојки и начин на подготовка на послужената храна. Поделено беше и мени со рецепт од послужената храна. Дружењето продолжи со прошетка до новиот трговски центар Вел-Сити и кафе дружба во градските кафулиња.