Повторно награди, традиционално, како и секоја година.
По повод Месецот на книгата, Друштвото на писатели од Куманово распиша награден литературен конкурс на тема “Да се напиеме од амфората на љубовта”!
Во силна конкуренција од сите средни училишта, нашите матурантки постигнаа завидни резултати.
Имено, песната на Бојана Спасовска е прогласена за “Нај песна” во 2022 година а Георгина Стојмановска доби втора награда!
Ментор на двете ученички е Лидија Цветкова!
Продолжуваме да мотивираме,охрабруваме и инспирираме да се негува убавиот пишан збор!
Нашето училиште има талентирани ученици кои го заслужуваат тоа!