Денеска по повод 7ми април, Денот на здравјето, во организација на OСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово, „Диаверум“ – Куманово и „Здружение на дијабетичари“ – Куманово, беше одржана трибина со едукативни предавања на тема „Храната е здравје и лек“, од страна на нашите ученици на македонски и албански јазик наставен јазик .
На настанот присуствуваа и Катерина Адамова, ендокринолог од Универзитетска клиника Скопје и Татјана Ѓорговска, едукатор за дијабетес со предавање на тема „Современ начин на живеење и превенција од дијабет кај младата популација“.