Home » Uncategorized » Одбележен ,,Денот на сестринството”

Одбележен ,,Денот на сестринството”

344522195_1053533398940902_8086839786244785879_n

Во петок, по повод 12мај Денот на сестринството, учениците од здравствена струка со низа активности пригодно го одбележаа празникот.

Во училиштето беше организирано предавање на тема Важноста на имунизацијата како метода за сузбивање болести, од страна на професорката Др.Ивана Јовановска и претставници од Тоде Мендол ,Др Ана Арсовска и сестра Гордана.
Во Соколанскиот парк ,заедно со учениците од здравствена струка на албански јазик, се мереше шеќер во крвта и крвен притисок, при што граѓаните имаа можност да бидат советувани за превенција од хипертензија и шеќерна болест.
На сите медицински сестри тимот на ОСТУ Наце Буѓони им го честита празникот.