По повод 7ми Април – Денот на здравјето, денес успешно реализиравме акција во Соколански парк.
Учениците од здравствената струка – идни медицински сестри, во соработка со Здружението на дијабетичари, вршеа мерење на крвен притисок и шеќер во крвта кај нашите сограѓани.Учениците спроведоа анкета меѓу населението за животните навики кои се застапени меѓу популацијата која денес беше во паркот.
По повод денот на здравјето беа оддржани и едукативни работилници и панел дискусија на различни теми од областа на медицината.
Заедно придонесуваме кон подигнување на свеста за здравјето и превенцијата.
Овогодинешното мото за Светскиот ден на здравјето:
„Заедно за здравјето. Застанете зад науката!“
Науката е темел на здрави заедници – преку знаење, едукација и превенција создаваме подобра и посигурна иднина за сите.





