Tехничар за компјутерско управување
Техничар за компјутерско управување e образовен профил на кој се изучуваат компјутерски програмски пакети за 3D моделирање, се изработуваат модели на машински елементи, подсклопови и склопови, проектирање и управување со компјутерски управувани машини, изработување на компјутерска симулација на технолошки процеси. Со завршување на четиригодишното образование, учениците се стекнуваат со звање –Техничар за компјутерско управување.
Предмети што се изучуваат во овој профил по години:
Медицинска сестра
Медицинска сестра е насока која образува кадри кои имаат најблизок непосреден контакт со болните. Под тоа се подразира нега на болниот, односно медицинската сестра директно учествува во делење на терапија на болните, земање на материјал за лабораториски анализи, водење на медицинска документација, припрема на болните за одредени медицински работи. Медицинската сестра води сметка за состојба на пациентот, за негова хигена и непрекинато учествува во унапредување на здравствената култура. Практична настава се одвива во Општа болница Куманово. Со завршување на четиригодишно образование, учениците се стекнуваат со звање – Медицинска сестра.
Предмети што се изучуваат во овој профил по години: