Home » Струки » Машинска

Машинска

Конструкциски механичар

Конструкцискиот механичар е насока која прави спој помеѓу занимањата бравар, машинобравар и заварувач во една целина која овозможува учениците да добијат квалификации за подготовка и изведба на машински конструкции со различни постапки на обработка и заварување.

Учениците ќе бидат оспособени да:

  • Работат со челични конструкции
  • Обработуваат метали со сечење, виткање, дупчење итн.
  • Читаат технички цртежи и друга техничка документација
  • Препознаваат машински склопови, потсклопови
  • Користат податоци од каталози
  • Заваруваат со повеќе постапки за електролачно и гасно заварување
  • Ја познаваат примената на челиците
  • Подготвуваат материјали за изведба на различни видови завари
  • Идентификуваат начини на заштита од корозија
  • Заваруваат елементи од леано жеезо, конструктивен и легиран челик
  • Заваруваат елементи од алуминиум, бакар и нивни легури
  • Почитуваат инструкции за безбедно ракување со опремата и употребување на заштитни средства
  • Познаваат начини за обезбедување квалитет на заварените врски
  • Изведуваат монтажа на носечки и покривни заварени конструкции
  • Изведуваат и монтираат разни цевководи и цевководи од бакар за греење, климатизација и транспорт на гасови
  • Изучуваат постапки за лемење и лепење
  • Изучуваат постапки за заварување со електричен отпор, плазма и други извори на заварување

. Со завршување на тригодишното образование, учениците се стекнуваат со звање – Конструкциски механичар.
Предмети што се изучуваат во овој профил по години:

I      II      III

 

 

 

 

Машинско-енергетски техничар

Машинско-енергетски техничар е насока која образува кадри кои ќе бидат способни да избираат соодветни материјали за проектирање на производи, проектирање на сите видови на системи на централно греење и управување со процесите кои се случуват со нив.Овие техничари пректираат разни видови на термоенергетски и хидроенергетски постројки, разни видови на пневматски и гасни постројки, учествуваат во контрола на квалитетот. Со завршување на четиригодишното образование, учениците се стекнуваат со звање – Машинско-енергетски техничар.

Предмети што се изучуваат во овој профил по години:

I      II      III      IV

 

Tехничар за компјутерско управување

Техничар за компјутерско управување e образовен профил на кој се изучуваат компјутерски програмски пакети за 3D моделирање, се изработуваат модели на машински елементи, подсклопови и склопови, проектирање и управување со компјутерски управувани машини, изработување на компјутерска симулација на технолошки процеси. Со завршување на четиригодишното образование, учениците се стекнуваат со звање –Техничар за компјутерско управување.

Предмети што се изучуваат во овој профил по години:

I      II      III      IV