Home » Активности » Tehnoscience » TECHNOSCIENCE 2017 традиционално по 6-ти пат

TECHNOSCIENCE 2017 традиционално по 6-ти пат

Нашето училиште ОСТУ„Наце Буѓони“ по повод 24 Мај – Денот на просветителите по шести пат го организираше традиционалниот технички саем „TEСHNOSCIENCE 2017“ на трудови, вештини и знаења кај деветооделенците.

Настанот се одржа на 23.05.2017 год. со почеток во 10 ч. во просториите на училиштето. Учество земаа 13 основни училишта од Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане, со околу 150 ученици-учесници.

Учениците од основните училишта се претставија со своите трудови од областа на информатика, програмирање, физика, биологија, хемија, историја и други природни науки како и со презентации изработени во IMPRESS и спортски активности (скок во далечина, атлетика и фрлање ѓуле). 
 
Освен натпреварувачкиот дел на настанот учениците имаа можност да ги разгледаат штандовите со трудови на ученици од машинската, електротехничката и здравствената струка, да се запознаат и поразговараат со ученици од нашето училиште, но и да се дружат и забавуваат со врсници од целиот град.
Почесни гости беа претставниците од бизнис секторот и тоа: ФЗЦ ,,11 Октомври”, ЈЗУ Здравствен Дом, Диамед, ЕВН и Термалифт со кои по разгледување на трудовите од штандот на нашето училиште се одржа трибина на која се дискутираше за потребата од соработка меѓу нив и училиштето за поуспешно образување на стручен кадар.
На овогодинешниот саем за прв пат со свои штандови се претставија факултетите ФЕИТ-Скопје, УГД – Штип, ПВПУ Еуро Колеџ – Куманово, како и организациите Црвен Крст- Куманово, Порака Наша и CID од невладиниот сектор.

Голема благодарност до нашите спонзори ФОРМА, АЛФИ, ЦЕРТИАДРИА и МАРТАС кои обезбедија пригодни награди за најдобрите учесници и фирмите Бучен Козјак, Сокара Кватро, Моша Мел, Ресторан Грација, Бела Дона, Еколенд, Супер Фурна и Здравје Радово кои со своите производи го збогатија овој традиционален настан.