Home » Uncategorized » Повик до ученици од ОСТУ,,Наце Буѓони” за учество во проект “Work based learning – Учење преку работа”

Повик до ученици од ОСТУ,,Наце Буѓони” за учество во проект “Work based learning – Учење преку работа”

download

Почитувани ученици,
Ни претставува посебно задоволство да Ве известиме дека е добиен проектот Work based learning – Учење преку работа во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со училиште СОУ Ѓорче Петров како координатор и училиштата: ОСТУ Наце Буѓони, Куманово и ССОУ Моша Пијаде, Тетово како партнери.
За таа цел од нашето училиште се потребни 5 ученици за учество во проектот кои ќе патуваат и ќе реализираат практична работа во Португалија. Учениците кои ќе бидат вклучени во проектот ќе развијат различни вештини вклучувајќи: професионални вештини, социјални и мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања и други вештини и придобивки.
За да се пријавите за учество во проектот, потребно е да доставите CV и мотивациско писмо до следната емаил адреса [email protected]
Критериум за избор:
• Ученикот да е од електротехничка или машинска струка
• Ученикот треба да биде мотивиран за работа и дружење
• Ученикот треба да може да патува во странство
• Ученикот да има позитивна препорака од класен раководител
• Да има познавање на англиски јазик (можно е тестирање)
• Бројот на машки и женски ученици да биде еднаков
• Во избраните ученици ќе има ист број на ученици со високи постигнувања и ученици со слаб успех
• Во избраните ученици ќе има баланс помеѓу ученици кои доаѓаат од урбани и рурални средини.

По првата направена селекција согласно критриумите ќе биде спроведено и интервју.
Рокот за доставување на потребните документи е од 28.10.2019 година до 01.11.2019 година.
Ги повикуваме сите заинтересирани ученици за подетални информации да дојдат во четврток на 24.10.2019 г. во 10:45 часот во кабинет КТА во работилница на средба со координаторот на проектот Марјан Спасиќ.