Home » Uncategorized » Во ОСТУ „Наце Буѓони” одржано едукативно предавање по повод Светскиот ден на бубрегот

Во ОСТУ „Наце Буѓони” одржано едукативно предавање по повод Светскиот ден на бубрегот

Денеска во ОСТУ „Наце Буѓони” беше одржано едукативно предавање по повод 11 Март – Светскиот ден на бубрегот. Предавањето го одржа Даниела Јовановска (медицинска сестра од Центарот за хемодијализа Диаверум) преку апликацијата Zoom и го следеа сите ученици од трета година.

Кампањата за Светскиот ден на бубрегот е насочена кон едукација за важноста на бубрежните заболувања и сите аспекти на превенција, рано откривање и третман. Годинашното мото е Living well with kidney disease.