Home » Uncategorized » ,,Наце Буѓони” без застој меѓу најдобрите

,,Наце Буѓони” без застој меѓу најдобрите

received_627499452530555

Отсекот за Превенција и општинскиот Совет за детско претстапништво организирше натпревар во шах за основни и средни училишта, во машка и женска конкуренција, а со цел младите да се отргнат од штетно влијание на социјални мрежи, ризици од девијантни појави , кражби , тепачки , насилства и злоупотреба на опојни дроги преку вклучување во игра, забава, спортување и меѓусебни дружења.
На натпреварот кој се одржа на 16.08.2023 г. во Центар за култура Трајко Прокопиев нашите ученици во состав Немања Нешевски I5; Матеј Јаневски II6; Меланија Додевска II7 и Хамид Ајдини од III6 го освоија второто место. Учениците и вработените во ОСТУ ,,Наце Буѓони” активно успешно се вклучуваат во сите активности организирани од Отсек за превенција при СВР Куманово и преку проектот “Безбедни училишта” и вакви активности ќе следат со отпочнување на наредната учебна 2023/24 год.

Честитки до учениците и успеси и во наредните активности.