Home » Uncategorized » Најдобри учениците од Наце Буѓони во струката на Државен натпревар

Најдобри учениците од Наце Буѓони во струката на Државен натпревар

31934872_10213812676163927_6943039071795019776_n

На Државниот натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка од Република Македонија, кој се одржа на 4 мај по 37-ти пат во АСУЦ “Боро Петрушевски” – Скопје, нашето училиште постигна извонредни резултати.

На натпреварот учествуваа 24 стручни училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка. Комисиите беа составени од стручни лица и Универзитетски професори, а нашите ученици освоија :

Христијан Михајловски – I место во теоретско знаење од електротехнчка струка (Електротехничар  енергетичар)

Дамјан Илиевски – II место со изработен труд од електротехничка струка (Електротехничар за компјутерска техника и автоматика)

Иван Илиевски – II место во теоретско знаење од машинска струка (Техничар за компјутерско управување)

Кирил Мишевски – III место во теоретско знаење од електротехничка струка (Електротехничар за компјутерска техника и автоматика)

Милан Цветановски – III место во теоретско знаење од машинска струка(Машинско -енергетски техничар)

Како и секоја година така и оваа го одбранивме нашиот квалитет и знаење и застанавме рамо до рамо меѓу најдобрите три технички училишта во државата. Овој натпревар е од најголемо значење за стручните училишта каде  учениците го споредуваат своето знаење со знаењето на нивните врсници од други училишта.