Home » Uncategorized » „Технологија за Тебе“ по четврти пат на ФЕИТ

„Технологија за Тебе“ по четврти пат на ФЕИТ

346142010_826741822393894_8146231846237889652_n

На 15ти и 16ти мај ученици и професори од нашето училиште  учествуваа на специјализирана едукативна практична работилница „Развојни Микропроцесорски Системи“. Оваа работилница, по четврти пат, ја организираат ФЕИТ-ФАБЛАБ и компанијата Логинг Електроникс во рамките на проектот „Технологија за Тебе“.

Работилницата содржеше предавања и дискусии, а за учениците имаше и дополнителен натпревар во програмирање на роботи за пратење на линија и избегнување препреки.

Во текот на работилницата, учениците и менторите добиваат нови идеи и знаења, прават спецификации за потребната опрема и нови вежби за донација која ја добиваат од  Логинг Електроникс.

На оваа работилница учество земаа 11 средни училишта од РСМ, а тимот на ОСТУ,,Наце Буѓони” го сочинуваа 4 ученици: Вељко Аџиќ, Марио Анѓеловиќ, Меланија Додевска, Ива Манасиевиќ и 3 наставници: Марјан Спасиќ, Јелена Поп Глигорова и Ненад Ставревски.