Home » Активности (Page 34)
Активности
Најбогат штандот на Наце Буѓони на фестивалот во Ниш ,,Наук није баук”
Учениците од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово земаа учество на фестивалот ,,Наук није баук” кој по осми пат се одржа на Електронскиот факулет ,,Никола Тесла” во Ниш, Србија.
На овој фестивал беа претставени 10 труда на учениците од нашето училиште под мотото ,,У сусрет будуќности кроз машинске, електротехничке и медицинске перспективе”.
Штандот беше еден од најдобрите и најбогати со трудови на фестивалот.
Прва и втора награда на конкурс под мото ”Маскава е мое дело”
По повод одбележување на Христијанскиот празник Прочка, во ССОУ ,,Коле Неделковски “ од Велес, како меѓуучилишна и меѓународна активност, беше распишан конкурс под мотото ”Маскава е мое дело”. Нашето училиште зема две награди во конкуренција од 114 учесници.
Освоени награди на литературен конкурс во Велес
На литературниот конкурс одржан по повод Патрониот празник на училиштето ССОУ,,Коле Неделковски” од Велес, ученици од нашето училиште освоија две I-ви и едно II-ро место. (more…)





