Home » Uncategorized » Ученици од ,,Наце Буѓони” во посета на техничко училиште MOSTEM од Маниса

Ученици од ,,Наце Буѓони” во посета на техничко училиште MOSTEM од Маниса

Во периодот од 13–18.11.2016 учениците од ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово беа на посета во техничкото училиште MOSTEM од градот Маниса. Целта на посетата беше  збратимување на ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово со техничкото училиште MOSTEM од градот Маниса, Република Турција. Со овие активности се предвидува потесна соработка помеѓу учениците и наставниот кадар од двете училишта со размена на искуства во образовниот процес.

Дванаесет ученика имаа прилика да ги посетат просториите на училиштето и да посетуваат настава, со цел да ги спознаат сличностите и разликите во образовниот процес и да стекнат искуство од нови култури и работни средини.

При посетата, учениците имаа прилика да ја посетат фабриката VESTEL – фабрика за електроника позната по производство на телевизори и мобилни телефони, како и други фабрики во индустриската зона Маниса. Туристички беа посетени : градот Измир, стариот град Ефес, како и гробот на Света Марија.

Како донација нашето училиште доби 14 лаптопи и дополнителна техничка опрема.

Се очекува посета од учениците од MOSTEM во текот на месец април.