Home » Uncategorized » MAKИНOВA 2016

MAKИНOВA 2016

Минатата недела од 18-ти до 22-ри октомври се одржа 42-ра по ред меѓународна саемска манифестација, ТЕХНОМА 2016, а дел од оваа манифестација зазема и изложбата на пронајдоци, технички унапредувања и творештво на млади – MAKИНOВA 2016. На оваа изложба за иновации учествуваа ученици од нашето училиште ОСТУ ,,Наце Буѓони” и освоија сребрени и бронзени медали за своите трудови.

Ученикот Никола Милановски од насоката техничар за компјутерско управување, со ментор Златко Гиновски, се претстави со проект “Сортирачка на монети” и освои сребрен медал.

Учениците Ангела Анчевска од насоката техничар за компјутерско управување и Дамјан Петровски поранешен ученик во нашето училиште, сегашен студент на Машинскиот факултет во Скопје , со ментор Катерина Ѓорѓиевска, се претставија со проектот “3D принтер за пишување управуван со Arduino” и освоиja бронзени медали.

Ученикот Филип Петровски од насоката техничар за компјутерска техника и автоматика, со ментор Јелена Димовска, се претстави со проект “Виножито ламба” и освои пофалница за успешно претставување на Макинова 2016.