Home » Uncategorized » I–место на натпреварот ,,Лидер на струка” освои ученик од профилот електротехничар-енергетичар

I–место на натпреварот ,,Лидер на струка” освои ученик од профилот електротехничар-енергетичар

Натпреварот ,,Лидер на струка” го организира Центарот за стручно образование и обука за избор на најдобар ученик во струката од завршните години во стручното образование во Република Македонија.

Натпреварот се одржа на 07.12.2017г во Струмица. Учество земаа два ученика од нашето училиште ,,Наце Буѓони” од електротехничката струка и тоа за профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика – Дамјан Илиевски, а за  профил електротехничар – енергетичар ученикот Слободан Крстевски.

Ученикот Слободан Крстевски освои I – место, со што е лидер од профилот електротехничар – енергетичар, а ученикот Дамјан Илиевски освои V – место

Оваа година натпреварот се одржа традиционално по четврти пат.