Home » Активности » Во ,,Наце Буѓони” се одржа мултикултурна работилница на тема: ,,Дизајнирање на фотоволтаични системи”

Во ,,Наце Буѓони” се одржа мултикултурна работилница на тема: ,,Дизајнирање на фотоволтаични системи”

395177592_6743465735689184_3889525004438490663_n
Во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на 20.10.2023г во ОСТУ “Наце Буѓони” се одржа мултикултурна работилница од област на електро струка на тема: ,,Дизајнирање на фотоволтаични системи”.

Истата ја реализираа професорите Александер Цветков и Буљар Далипи, а освен презентација за фотоволтаични системи, се презентираше и искористеноста на фотоволтаичните системи во училиштето.Овие активности кои се реализираат 10 години по ред во партнерство со ССОУ” Коле Неделковски” Велес во кои се вклучени со свои активности професори и ученици со мешан етнички состав од сите постоечки струки во двете училишта продолжуваат со низата активности . Учениците, наставниците и родителите имаа можност да го разгледаат училиштето, спортските терени и дел од кабинетите во кои професорите им ја презентираа примената на опремата со која училиштето располага.
Останатиот дел од денот учениците го искористија за меѓусебно дружење и прошетка низ Куманово.
На средбата беа присутни членови на тимовите за училишна интеграција, директорите на двете училишта, одговорни професори од електротехничка струка, родители, ученици и претставничка од МОН одговорна за Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.