Home » Uncategorized » Во ОСТУ „Наце Буѓони” одбележан 12 Мај – Ден на сестринството

Во ОСТУ „Наце Буѓони” одбележан 12 Мај – Ден на сестринството

Денес по повод 12ти Мај – Денот на сестринството, се одржаа неколку активности во склоп на практичната настава на учениците од здравствена струка. Во училишниот двор учениците од трета и четврта година изведуваа практични вежби и симулација на реанимација. На настанот ни се придружија и претставници и наши долгогодишни соработници од Центарот за дијализа Диаверум, Фросина Ефремовска и медицинска сестра Магдалена Величковска. Беше одржано предавање на тема „Улога на медицинската сестра во процесот на хемодијализа”. Во склоп на соработката меѓу Диаверум и нашето училиште, се одржуваат активности во текот на целата учебна година, при што учениците имаат можности да се запознаат со работата и работните задачи на медицинската сестра.