Home » Uncategorized » Во ОСТУ „Наце Буѓони“ реализирана активност „Прва помош при повреда на лице место“ како дел од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Во ОСТУ „Наце Буѓони“ реализирана активност „Прва помош при повреда на лице место“ како дел од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Во рамките на Проектот за меѓуетничката интеграција на младите во образованието денеска учениците од ОСТУ „Наце Буѓони“ заедно со учениците од партнер училиштето ССОУ „Коле Неделковски“ Велес реализираа активност „Прва помош при повреда на лице место“. На активноста беа присутни над 30 ученици од мешан етнички состав од двете партнер училишта, директори, родители, претставници од тимовите за училишна интеграција и наставници. Учениците најнапред ја презентираа постапката за пружање прва помош во случај на: крварење, изгореници, шок состојба, потреба од вештачко дишење. Потоа учениците од медицинската струка при ОСТУ „Наце Буѓони“ практично презентираа давање на вештачко дишење, масажа и преврски. На крај беа изработени хамери од наученото од денешна презентација и практичните вежби. Средбата заврши со неформален дел во дружење, споделување на задоволство на реализирана активност која е една од низа на успешно завршени во претходните 10 години. Останува набргу да се реализира уште една активност во друг град и нови интересни содржини.