Име на проектот: Work based learning – Учење преку работа
Референтен број: 2019-1-МК01-КА102-060203
Координатор на проектот е СОУ Ѓорче Петров, Крива Паланка, партнери: ОСТУ Наце Буѓони, Куманово и РЦСОО Моша Пијаде, Тетово. Партнер – домаќин: Невладина организација WE ARE Lda. Povoa de Varzim, Португалија.
Сите учесници во проектот ги претставуваат училиштата и нивната работа во стручното образование. Во мобилноста од секое училиште учествуваа по 5 ученици и 1 наставник, односно вкупно 15 ученици, 1 придружно лице и 3-ца наставници од нашата држава патуваа во Povoa de Varzim, Португалија. Мобилноста беше вкупно 14 дена и дополнителни 2 дена патувања во месец мај 2021, односно од 05.05.2021 до 19.05.2021 год.
Учениците и наставниците кои беа вклучени во проектот развија различни вештини вклучувајќи: професионални вештини, социјални и мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања и други вештини и придобивки.
Како дел од дисеминацијата е изработено промотивно видео од страна на учесниците на проектот со цел успешно промовирање на постигнатите цели.
Видеото погледнете го тука.