Home » Uncategorized » ИЗВЕШТАЈ за проектот Учење преку работа од програмата ЕРАЗМУС + акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука

ИЗВЕШТАЈ за проектот Учење преку работа од програмата ЕРАЗМУС + акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука

Име на проектот: Work based learning – Учење преку работа

Референтен број: 2019-1-МК01-КА102-060203

Координатор на проектот е СОУ Ѓорче Петров, Крива Паланка, партнери: ОСТУ Наце Буѓони, Куманово и РЦСОО Моша Пијаде, Тетово. Партнер – домаќин: Невладина организација WE ARE Lda. Povoa de Varzim, Португалија.

Сите учесници во проектот ги претставуваат училиштата и нивната работа во стручното образование. Во мобилноста од секое училиште учествуваа по 5 ученици и 1 наставник, односно вкупно 15 ученици, 1 придружно лице и 3-ца наставници од нашата држава патуваа во Povoa de Varzim, Португалија. Мобилноста беше вкупно 14 дена и дополнителни 2 дена патувања во месец мај 2021, односно од 05.05.2021 до 19.05.2021 год.

Учениците и наставниците кои беа вклучени во проектот развија различни вештини вклучувајќи: професионални вештини, социјални и мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања и други вештини и придобивки.

Како дел од дисеминацијата е изработено промотивно видео од страна на учесниците на проектот со цел успешно промовирање на постигнатите цели.

Видеото погледнете го тука.