Home » Uncategorized » Известување за почеток на новата учебна година

Известување за почеток на новата учебна година

Почитувани ученици!

Учебната 2021/2022 година, започнува на 01.09.2021 година, среда, со физичко присуство во училиштето.

Учениците од прва и трета година треба да се во училиште во 7.00 часот.

Учениците во втора и четврта година треба да се во училиште во 13.00 часот.

Ве молиме почитувајте ги мерките за превенција од вирусот и заштитете се себеси и другите околу вас!

Задолжително носење маски и одржување на потребното растојание!

Поздравувањето со физички контакт заменете го со друг начин.

Директорот и Наставничкиот колегиум Ви посакува среќен почеток и успех во учебната година!