Home » Uncategorized » Ученици од ,,Наце Буѓони” ја одбележаа Неделата на стари лица

Ученици од ,,Наце Буѓони” ја одбележаа Неделата на стари лица

received_7004407792953978На 21.11.2023г, нашите ученици имаа посета во Домот за стари лица ,,Зафир Сајто” Куманово, институција со која имаме склучено меморандум за соработка, каде учениците обавуваат дел од својата практична настава и учење преку работа кај работодавец.

Учениците им поделија честитки на корисниците на домот кои ги изработија самите, под мотото “Да се грижиме за оние кои некогаш се грижеле за нас, е една од највисоките привилегии”.
Имаше предавање за здрави навики во врска со покачен крвен притисок, дијабетес, холестерол и мозочен удар.Им беше измерен крвен притисок на корисниците и учениците им ги објаснија придобивките од навремено земање терапија и правилна и здрава исхрана.

Со  оваа активност се одбележа Неделата на стари лица 20-26 ноември.