Home » Uncategorized » Завршна манифестација по повод ,, 11- ти Ноември”- доделување на награди и признанија за најдобри литературни творби

Завршна манифестација по повод ,, 11- ти Ноември”- доделување на награди и признанија за најдобри литературни творби

На 15- ти ноември во Занаетчиски дом во организација на ЗГ Друштво на писатели од нашиот град беше организирана поетско- музичка вечер.Истата беше под покровителство на градоначалникот и на неа беа доделени награди и благодарници за учество на литературниот конкурс на следниве учесници:

Кристијан Стефановски- трета награда,ментор Лидија Цветкова,

Ивона Павловска- трета награда,ментор Катерина Пешевска

Теодора Николовска,пофалница за учество,ментор Лидија Цветкова.
Важно е да напоменеме и дека наши талентирани ученици учествуваа со неколку музички точки и беа наградени со топли аплаузи.
И оваа година, како и претходните, успешно го претставивме нашето училиште и покажавме само дел од тоа што го можеме и знаеме.Честитки за сите учесници и благодарност за нивната посветеност и ангажираност.